Login
  Macedonia legal
socialization project
ENG / MAK / ALB / TUR

News

Промоција на вториот циклус на Програмата за правна социјализација 2014

Претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Националниот совет за превенција од малолетничко претстапништво и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје се состанаа денеска на презентацијата на вториот цикус на Програмата за правна социјализација. Г-ца Мерита Максути Национален директор на ПХ Интернешнал и г-ца Билјана Настовска програмски експерт дадоа преглед на постигнувањата од минатогодишната програма и ги презнетираа очекуваните резултати за идните активности кои ќе се имплементираат до јуни 2014. Продолжувањето на проектот ќе ги вклучи Скопје ( општина Аеродром, Чаир и Ѓорче Петров) Гостивар и Штип.

Програмата за правна социјализација 2

Заклучно од Јануари 2014 PH International го објавува II циклус на Програмата за правна социјализација. Оваа програма ќе се имплементира до Јуни 2014 во 3 општини: Скопје, Штип и Гостивар. Програмата ќе вклучи 300 ученици во 3 општини во Република Македонија. Проектот ќе ги собере заедно 24 наставници и 12 полицајци кои во тимови ќе работат со младите во училиштата преку принципот на фокус кон учениците со цел да ги пренесат знаењата и вештините на теми поврзани со правото, правно процесуирање и кривично правните прашања на начин на кој ќе се изгради разбирање и поврзаност.

ph-int logo

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Целта на програмата за Правна Социјализација на Република Македонија ( ППС - МК) е да го зајакне разбирањето и почитувањето на владеењето на правото од страна на младите и да ја намали појавата на малолетничкото престапништво и деликвенција. ППС – МК ја адресира оваа цел преку еден пристап кој гради кооперативно партнерство помеѓу младите, наставниците, полицијата и професионалците кои работат на полето на малолетничка правда во етнички мешаните средини со цел да се имплементира еден единствен процес кој во фокус ги има учениците во училиштата.

ППС – МК пилот програмата ќе опфати 300-360 ученици во три општини во Република Македонија и истата ќе вклучи 30 наставници и 12 полицајци кои во тимови ќе работат со младите во училиштата преку принципот на фокус кон учениците со цел да ги пренесат знаењата и вештините на теми поврзани со правото, правно процесуирање и кривично правните прашања на начин на кој ќе се изгради разбирање и поврзаност.

Посебната цел на проектот е да се постигне: (а) зголемен број на млади во Република Македонија (РМ) кои ќе имаат поголемо разбирање за нивните права и одговорности како граѓани; (б) да се изгради партнерство помеѓу Министерството за Образование и Наука и Министерството за Внатрешни Работи и другите релевантни институции кое ќе резултира со подготовка на нов курикулум за учениците во РМ со кој ќе се подигне нивната свест за реформите поврзани со владеење на правото ; (в) зголемен број на млади кои ќе демонстрираат позитивен став во однос на почитувањето на владеењето на правото и професионалците кои работат во секторот полиција и правда; и (г) подобрување на соработката помеѓу различните етнички групи во училиштата.
Merita Maksuti, Program Director
Phone: +389 2 3105 432
Mobile: +389 70 337381
E-mail: merita.maksuti@ph-int.org
Biljana Nastovska, Program Specialist
Phone: +389 2 3105 432
Mobile: +389 70 400 422
E-mail: biljana.nastovska@ph-int.org