Правна култура - дополнителен прирачник за учениците од 7 одделениеПравната култура можеме да ја користиме како еден критериум за споредба на едно општество со друго и таа ќе ни биде показател за нивото на демократија во нив.
Учењето за законите доведува до:
За да се зголеми моралната поддршка за почитување на законите и правната култура на секој поединец и целокупната јавност, процесот на правна социјализација треба да отпочне од најрана возраст на децата. Во овој процес особено е важно да се работи со малолетници во трансформациска возраст (14-16) затоа што токму ова е возраста кога поединецот за прв пат ги усогласува своите постапки со општес
|
|
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТЦелта на програмата за Правна Социјализација на Република Македонија ( ППС - МК) е да го зајакне разбирањето и почитувањето на владеењето на правото од страна на младите и да ја намали појавата на малолетничкото престапништво и деликвенција. ППС – МК ја адресира оваа цел преку еден пристап кој гради кооперативно партнерство помеѓу младите, наставниците, полицијата и професионалците кои работат на полето на малолетничка правда во етнички мешаните средини со цел да се имплементира еден единствен процес кој во фокус ги има учениците во училиштата. ППС – МК пилот програмата ќе опфати 300-360 ученици во три општини во Република Македонија и истата ќе вклучи 30 наставници и 12 полицајци кои во тимови ќе работат со младите во училиштата преку принципот на фокус кон учениците со цел да ги пренесат знаењата и вештините на теми поврзани со правото, правно процесуирање и кривично правните прашања на начин на кој ќе се изгради разбирање и поврзаност. Посебната цел на проектот е да се постигне: (а) зголемен број на млади во Република Македонија (РМ) кои ќе имаат поголемо разбирање за нивните права и одговорности како граѓани; (б) да се изгради партнерство помеѓу Министерството за Образование и Наука и Министерството за Внатрешни Работи и другите релевантни институции кое ќе резултира со подготовка на нов курикулум за учениците во РМ со кој ќе се подигне нивната свест за реформите поврзани со владеење на правото ; (в) зголемен број на млади кои ќе демонстрираат позитивен став во однос на почитувањето на владеењето на правото и професионалците кои работат во секторот полиција и правда; и (г) подобрување на соработката помеѓу различните етнички групи во училиштата. | ||||||||||||||||||||||
|