Login
  Macedonia legal
socialization project
ENG / MAK / ALB / TUR

News

На 14 јуни 2013 во хотелот Stone Bridge во Скопје ќе се оддржи церемонија на доделување на сертификати на учесниците во проектот за правна социјализација на Република Македонија.

На 14 јуни 2013 во хотелот Stone Bridge во Скопје ќе се оддржи церемонија на доделување на сертификати на учесниците во проектот за правна социјализација на Република Македонија.

Овој проект се спорведе во 3 пилот општини - Скопје, Тетово и Куманово со фокус на темата Правна култура. Предавањата на оваа тема ги спорведоа 13 полициски службеници и 30 наставници од 7 основни училишта во горе споменатите општини на децата од седмо одделение.

Церемонијата на доделувањето на сертификатите има за цел да им оддаде признание на сите полициски службеници и наставници кои несебично работеа во мешани тимови во изминатите наколку месеци.

Сертификатите ќе бидат доделени од страна на претставници на Американската Амбасада во Скопоје, PH International, Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи.

Церемонија на доделување на сертификати

Церемонија на доделување на сертификати се одржа на 14 јуни 2013 во рамките на програмата за правна социјализација на Република Македонија.
ph-int logo

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Целта на програмата за Правна Социјализација на Република Македонија ( ППС - МК) е да го зајакне разбирањето и почитувањето на владеењето на правото од страна на младите и да ја намали појавата на малолетничкото престапништво и деликвенција. ППС – МК ја адресира оваа цел преку еден пристап кој гради кооперативно партнерство помеѓу младите, наставниците, полицијата и професионалците кои работат на полето на малолетничка правда во етнички мешаните средини со цел да се имплементира еден единствен процес кој во фокус ги има учениците во училиштата.

ППС – МК пилот програмата ќе опфати 300-360 ученици во три општини во Република Македонија и истата ќе вклучи 30 наставници и 12 полицајци кои во тимови ќе работат со младите во училиштата преку принципот на фокус кон учениците со цел да ги пренесат знаењата и вештините на теми поврзани со правото, правно процесуирање и кривично правните прашања на начин на кој ќе се изгради разбирање и поврзаност.

Посебната цел на проектот е да се постигне: (а) зголемен број на млади во Република Македонија (РМ) кои ќе имаат поголемо разбирање за нивните права и одговорности како граѓани; (б) да се изгради партнерство помеѓу Министерството за Образование и Наука и Министерството за Внатрешни Работи и другите релевантни институции кое ќе резултира со подготовка на нов курикулум за учениците во РМ со кој ќе се подигне нивната свест за реформите поврзани со владеење на правото ; (в) зголемен број на млади кои ќе демонстрираат позитивен став во однос на почитувањето на владеењето на правото и професионалците кои работат во секторот полиција и правда; и (г) подобрување на соработката помеѓу различните етнички групи во училиштата.
Merita Maksuti, Program Director
Phone: +389 2 3105 432
Mobile: +389 70 337381
E-mail: merita.maksuti@ph-int.org
Biljana Nastovska, Program Specialist
Phone: +389 2 3105 432
Mobile: +389 70 400 422
E-mail: biljana.nastovska@ph-int.org