Login
  Macedonia legal
socialization project
ENG / MAK / ALB / TUR
ph-int logo

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Целта на програмата за Правна Социјализација на Република Македонија ( ППС - МК) е да го зајакне разбирањето и почитувањето на владеењето на правото од страна на младите и да ја намали појавата на малолетничкото престапништво и деликвенција. ППС – МК ја адресира оваа цел преку еден пристап кој гради кооперативно партнерство помеѓу младите, наставниците, полицијата и професионалците кои работат на полето на малолетничка правда во етнички мешаните средини со цел да се имплементира еден единствен процес кој во фокус ги има учениците во училиштата.

ППС – МК пилот програмата ќе опфати 300-360 ученици во три општини во Република Македонија и истата ќе вклучи 30 наставници и 12 полицајци кои во тимови ќе работат со младите во училиштата преку принципот на фокус кон учениците со цел да ги пренесат знаењата и вештините на теми поврзани со правото, правно процесуирање и кривично правните прашања на начин на кој ќе се изгради разбирање и поврзаност.

Посебната цел на проектот е да се постигне: (а) зголемен број на млади во Република Македонија (РМ) кои ќе имаат поголемо разбирање за нивните права и одговорности како граѓани; (б) да се изгради партнерство помеѓу Министерството за Образование и Наука и Министерството за Внатрешни Работи и другите релевантни институции кое ќе резултира со подготовка на нов курикулум за учениците во РМ со кој ќе се подигне нивната свест за реформите поврзани со владеење на правото ; (в) зголемен број на млади кои ќе демонстрираат позитивен став во однос на почитувањето на владеењето на правото и професионалците кои работат во секторот полиција и правда; и (г) подобрување на соработката помеѓу различните етнички групи во училиштата.
Merita Maksuti, Program Director
Phone: +389 2 3105 432
Mobile: +389 70 337381
E-mail: merita.maksuti@ph-int.org
Biljana Nastovska, Program Specialist
Phone: +389 2 3105 432
Mobile: +389 70 400 422
E-mail: biljana.nastovska@ph-int.org